Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска организира протест со барање за почитување на Законот за минимална плата и навремено спроведување на судските постапки во законски предвидените рокови.
Протестот ќе се одржи пред судовите во Скопје, на крстосницата кај „Мавровка“.
Од НСП истакнуваат дека на протестот ќе имаат поддршка од нивните колеги од полициските синдикати на Република Црна Гора и Република Србија.
„Денес е денот кој доби поддршка од речиси сите балкански полициски синдикати, освен од нашите домашни претставници, кои не собраа храброст ниту да го споделат повикот за протест. Синдикалци од Црна Гора и Србија ќе патуваат со часови за да застанат рамо до рамо со нашите колеги и да дадат поддршка. Во меѓувреме, нашите ‘синдикалци’ ќе се кријат по канцелариите од колегите, на кои од утре ќе треба да им објаснат зошто постојат и зошто не ја поддржаа иницијативата,“ се вели во повикот за протест објавен на фејсбук-страницата на НСП.