Алијанса за Албанците: Напуштањето на Владата е доказ за нашата некорумпираност

Алијанса за Албанците будно ги следи „тврдењата“ на ВМРО-ДПМНЕ за партијата и нејзиниот претседател Арбен Таравари. Од партијата посочуваат дека во овие тешки моменти за Владата, во целосно отсуство на политички аргументи, се појавуваат клевети од најапсурден вид.

„Смирено сме фокусирани на нашата работа кон Октомвриската победа и не сакаме со никакви навреди или лажни обвинувања да ја оптоваруваме ВМРО, која во моментов има доволно предизвици,“ велат од крилото на партијата предводено од актуелниот министер за здравство.

Од Алијанса за Албанците додаваат дека напуштањето на Владата по сопствена волја е јасен показател за нивната некорумпираност. „Можеби тоа е незамисливо за некои партии на власт, но Алијансата за Албанците е на добар пат и во своите најдобри денови!“ стои во партиското соопштение.