Јокиќ: Водевме со 12 поени, но не успеавме да го задржиме водството

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ се огласи по поразот од Оклахома Сити Тандер, кој ги совлада Денвер Нагетс со резултат 112:105 во петтиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција.

По разочарувачкиот исход, на прес-конференцијата зборуваше в.д. тренерот на Денвер Нагетс, Дејвид Аделман, а по него и Џамал ​​Мареј.

Јокиќ, кој блескаше со 44 поени, 15 скока и 5 асистенции, го предводеше својот тим, но истакна дека комуникацијата на теренот била слабата точка во клучните моменти:

„Ништо, Гордон и Мареј имаа отворени шутеви, Портер исто така. Ја изгубивме топката, а имавме отворени шутеви. Не комунициравме добро во тие моменти. Мислам дека тоа е единственото нешто што ни треба – добри шутеви, отворени“, изјави Јокиќ.

Тој додаде дека, и покрај поразот, има верба во тимот:

„Топката влегуваше внатре. Јас постигнав пет тројки. Тие го направија она што обично го прават, а јас ги погодив кошевите. Нема да се откажеме. Играме пред нашите навивачи. Само вториот натпревар беше лесно решен, сите други беа напнати“.

На прашањето за фрустрацијата по поразот, Јокиќ смирено одговори:

„Се случува. Луѓето велеа дека не требаше да го добиеме првиот натпревар, па победивме. Третиот беше ист… Вечерва водевме со 12 и не завршивме како што сакавме“.

И покрај разочарувањето, српскиот центар истакна дека ужива во секој натпревар:

„Не уживам кога губиме. Мислам дека секој тесен натпревар е добар и уживам во него. Без разлика дали станува збор за плејофот или првиот натпревар од сезоната, секогаш играм исто. Се подготвувам исто“, заклучи Јокиќ.