ДУИ: Реториката на Мицкоски е опасна и ги обединува Албанците

ДУИ остро реагира на изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оценувајќи ги како опасни и дискриминаторски кон Албанците. Од партијата сметаат дека неговата реторика потсетува на политики од деведесеттите, каде што се обидува да наметне поделби и да одредува кој е „прифатлив“ Албанец.

„Реториката на Мицкоски не само што создава поделби, туку ги обединува Албанците, дури и политичките опоненти, во заедничка борба за достоинство и политичка автономија,“ стои во соопштението на ДУИ.

Партијата истакнува дека ваквиот пристап на лидерот на опозицијата е штетен за меѓуетничките односи и ја повикува целата албанска политичка сцена да заземе став против овие, како што ги нарекуваат, „опасни пораки“.

„Сега е време за обединување, а не за поделби. Албанците ќе останат обединети во борбата за правда и еднаквост,“ додаваат од ДУИ, повикувајќи на поголема солидарност меѓу политичките субјекти и граѓаните.