Мицкоски: Трагедијата во Кочани е масовно убиство – нема да има милост за одговорните

Премиерот Христијан Мицкоски ја нарече трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани „масовно убиство“ и најави дека нема да има милост за одговорните, без оглед на нивната политичка или етничка припадност. Тој истакна дека клубот добил лиценца само двапати, во 2021 и 2023 година, и дека работел без валидна дозвола. Мицкоски додаде дека ќе има одговорност за сите инволвирани, вклучително и оние кои се обидуваат да ја политизираат трагедијата.

„Ова е масовно убиство кое некој го дозволил за пари, мито и корупција. Нема да има милост – ќе одговара секој, без разлика на партија или етничка припадност“, изјави Мицкоски. Тој нагласи дека институциите мора да преземат одговорност и да се спречат вакви трагедии во иднина.