Веќе 15 години сум целосно посветена на социјалдемократијата и на борбата за правата, видливоста и застапеноста на жените во сите општествени сфери.
Мојот пристап отсекогаш се темели на емпатија, современи вредности, истрајна работа и најважното – на искрена љубов кон луѓето и заедницата.
Верувам во политика што произлегува од човекот, не од позицијата.
Политика што гради мостови, а не ѕидови!
Верувам дека секоја жена носи уникатна вредност во мозаикот на нашето заедништво и дека токму преку единство и солидарност го градиме похумано и поправедно општество за сите.
Како генерална секретарка на Форумот на жени на СДСМ, продолжувам по тој пат – со отворено срце, јасна визија и уште поголема решителност да ја унапредуваме родовата еднаквост и социјалната правда.
Пишува: Јасмина Ангелова – генерална секретарка на Форум на жени на СДСМ