На поранешниот американски претседател Џо Бајден (82) му е дијагностициран рак на простатата со метастази во коските, но кој е чувствителен на хормонска терапија, соопшти неговиот кабинет.
Дијагнозата е поставена во петокот, откако Бајден побарал лекарска помош поради уринарни симптоми. Ракот е со Глисонов скор 9, што укажува на поагресивна форма на болеста. Сепак, бидејќи туморот е чувствителен на хормони, постои можност за ефективно лекување.
Бајден и неговото семејство моментално ги разгледуваат опциите за третман со своите лекари.