Мориентес: Роналдо нема да се врати во Реал, но враќање во Ла Лига е можно

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Фернандо Мориентес, изјави дека е малку веројатно Кристијано Роналдо да се врати во Реал Мадрид, но не ја исклучува можноста за негово враќање во Ла Лига.

„Мислам дека е невозможно Роналдо повторно да заигра за Реал Мадрид, но не би ме изненадило доколку се врати во Шпанија. Кога играчите заминуваат од Ла Лига, често сфаќаат дека тоа е најдобрата лига и сакаат да се вратат,“ изјави Мориентес на настан организиран од Ла Лига.

Роналдо, кој моментално игра за Ал Наср во Саудиска Арабија, претходно беше поврзуван со можен трансфер во Атлетико Мадрид, но таквиот потег беше дочекан со скепса од страна на навивачите.

Мориентес додаде дека, иако враќањето во Реал е речиси невозможно, Роналдо би бил добредојден во Ла Лига, без оглед на клубот.