Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов, им упати искрени честитки на ракометарите на Алкалоид по нивната впечатлива победа од 29:25 над АЕК во Атина. „Ми ја наполнивте душата мене и на цела Македонија. Но, има и реванш, па да останеме смирени и да се радуваме уште повеќе следната недела“, изјави Мукаетов.
Реваншот за трофејот од Европскиот Куп на ЕХФ ќе се одигра на 25 мај во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, каде Алкалоид ќе ја брани својата победа и ќе се обиде да ја донесе титулата дома.