На вчерашната седница на Централниот одбор на НСДП, која се одржа во Скопје, партијата донесе одлука на претстојните локални избори во октомври да настапи како дел од Коалицијата предводена од СДСМ.
На состанокот беше истакнато дека општинските организации на НСДП се кадровски и оперативно подготвени за активна поддршка на програмата и кандидатите за градоначалници и советници од Коалицијата, со цел освојување на довербата на граѓаните и постигнување успех на изборите.
Истовремено, партијата ја започна внатрепартиската постапка за евидентирање и утврдување на кандидати за градоначалници и советници во советите на општините и градот Скопје. Од НСДП информираат дека постапката ќе биде транспарентна, легитимна и демократска, со цел избор на најприфатливи кандидати кои имаат најголеми шанси за успех.