Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, е овластен од Владата да го потпише Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, со што се отвора можност за инвестиции во вредност од околу 6 милијарди евра. Потпишувањето е закажано за четврток, 22 мај, во Лондон.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека средствата ќе бидат наменети за стратешки проекти во инфраструктурата, здравството и енергетиката. Меѓу нив се вклучени модернизација и изградба на железничката линија на Коридорот 10, изградба на нов Клинички центар во Штип, болница во Кичево и реконструкција на Клиничката болница во Тетово.
Мицкоски нагласи дека ова претставува историски момент за земјата, бидејќи се работи за најголемиот обем на средства што Македонија досега ги добила за реализација на капитални проекти.