Европската шампионка, Даниела Алексовска, на 4 јули ќе ја има својата прва полупрофесионална ММА борба на настанот ARMMADA 13 во Бачка Паланка, Србија. Таа ќе се натпреварува во категоријата до 52,2 кг против Ева Круз од Ирска.
Ова ќе биде прв настап на Алексовска во кафезот по освојувањето на златниот медал на Европското првенство, со што станува првата Македонка која стигнала до ова ниво во женската конкуренција на ММА спортот.
„Посветеноста на мојот тим ‘Д Стронгест’ и поддршката од луѓето во Македонија ми даваат силна мотивација. Подготвена сум повторно да го бранам македонското знаме“, изјави Алексовска.