Скандал во Гази Баба: Почит пред споменикот на загинат херој, но со газење врз знамето!

Церемонија на оддавање почит се претвори во скандал – на одбележувањето пред споменикот на загинатиот припадник на безбедносните сили Бобан Ивановиќ, делегацијата предводена од градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, стапна врз македонското знаме поставено на подот пред бистата.

Иако настанот требаше да биде чин на достоинство и благодарност, фотографиите што кружат по социјалните мрежи предизвикаа жестоки реакции кај јавноста. Граѓаните предупредуваат дека станува збор за очигледно непочитување на државниот симбол, што според Законот за употреба на знамето, претставува прекршување – знамето не смее да се гази, ниту да се поставува на под.

Без разлика дали бил нацртано или од платно, државното знаме носи со себе тежина и симболика која не смее да се потцени. Наместо момент на единство, јавноста сега сведочи на уште еден пример на непрофесионалност и негрижа за симболите што ја претставуваат државата.

Од општината Гази Баба сè уште нема официјален став за оваа ситуација.