Иако долго време важеше за земја со строги забрани за консумација на алкохол, Саудиска Арабија постепено ги менува правилата. Според новите информации, властите подготвуваат легализирани зони каде што странските државјани ќе можат легално да консумираат алкохол, и тоа во специјални, лиценцирани простори.
Оваа новост доаѓа како дел од пошироките реформи на престолонаследникот Мухамед бин Салман, кои имаат за цел да ја направат Саудиска Арабија попривлечна за странски инвестиции, туризам и големи меѓународни настани – како што се Светските првенства или Олимписките игри, за кои земјата е сè поамбициозна.
Засега, овие зони ќе бидат строго контролирани и ограничени само на странци, со што властите се обидуваат да го задржат балансот помеѓу традиционалните вредности и економските цели.
Иако дел од локалното население е резервирано околу ваквите промени, реформите продолжуваат со полна пареа, а ваквите одлуки се дочекуваат со ентузијазам од меѓународната бизнис и туристичка заедница.