МакедонијаНова надеж за младите: Стартапи, практикантства и поддршка од над 1 милион денари Revolucioner Press6 месеци ago02 mins Премиерот Христијан Мицкоски го претстави новиот Оперативен план за вработување за 2025 година, вреден 40 милиони евра, со кој Владата планира да опфати над 16.000 невработени граѓани. Целта, како што рече, е намалување на невработеноста, стимулирање на младите и решавање на горливи проблеми како недостигот на пожарникари и неперспективноста кај младата популација. – Први таргет: младите и стартапите Планот вклучува директна поддршка за самовработување на млади лица до 29 години со неповратна помош до 615.000 денари, како и дополнителна поддршка за здружено основање на фирми во износ од до 1.230.000 денари. – 400 нови пожарникари и јавни работници Во фокусот е и безбедноста од пожари – Владата ќе вработи 400 пожарникари кои ќе бидат распоредени по потреба низ општините. Дополнително, 600 лица ќе бидат ангажирани на јавни и инфраструктурни проекти на локално ниво. – Практикантство и младински додаток Повеќе од 1.300 млади ќе добијат шанса за практикантство со цел стекнување вештини, а 3.500 млади до 23 години ќе добиваат месечен додаток од 3.000 денари ако се вработат во производниот сектор. – Мерки за ранливи категории Планот не ги заборава ниту возрасните и лицата со попреченост – предвидена е поддршка за самовработување на 610 лица над 29 години, вработување на 150 лица со попреченост, како и обуки за 600 лица за побарувани занимања, 245 лица со обука на работно место, и 200 обуки за професионални возачи (Ц, ЦЕ и Д категорија). „Ова не е само список на бројки, туку вистински обид да се оживее пазарот на трудот, да се вклучат младите и долгорочно невработените и да се поттикне претприемачкиот дух во земјава“, рече Мицкоски. Навигација на напис Previous: Промоција на романот „Денови на Блуграс-љубов“ од холандскиот писател Едвард ван де ВенделNext: Апасиев обвинува: Мицкоски не го разрешува Коцевски за да ги заштити своите
Трипуновски го нападна Николовски поради ИПАРД: Неговиот ум се користел исклучиво за криминал, наместо да глуми, ОЈО нека го истражи Revolucioner Press20 часа ago 0
Хуманитарен базар во Дебар Маало: Центар го одбележа 13 Ноември со Фестивал на симит и погача за помош на „Супорт Кочани“ Revolucioner Press20 часа ago 0
Филипче: Се случува економско цунами, странските инвестиции си заминуваат, најавено намалување на вработените за 30% во зоните Revolucioner Press21 час ago 0