Патот кон излетничкото место Теферич на Водно е затворен за сообраќај поради појава на свлечиште, информираше Општина Кисела Вода.
„Поради новонастаната ситуација на улицата Мариовска, каде што е забележано тонење на коловозот и појава на пукнатини на дел од конструкцијата, патот е целосно затворен од безбедносни причини. Ќе остане затворен сè до целосно санирање на проблемот“, соопштуваат од општината.
Од Кисела Вода апелираат до граѓаните да користат алтернативни патишта и да покажат разбирање додека се трага по трајно решение за надминување на ситуацијата.