ДУИ: Селективната правда станува закана за демократскиот поредок

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагира на, како што велат, партизираноста на правосудните институции и селективниот пристап кон правдата, оценувајќи дека тоа го разорува демократскиот систем во државата.

„Никогаш досега правдата не била толку понижена и ставена под целосна контрола на политичката власт. Случајот со трагедијата во Кочани и тишината околу урбаната катастрофа во Чаир се живи докази дека Јавното обвинителство е претворено во послушна алатка на извршната власт“, се наведува во соопштението на партијата.

ДУИ посочува дека по несреќата во Кочани, која длабоко го потресе општеството, истрагата е затворена без ниту еден партиски функционер да биде повикан на одговорност, иако, според нив, вината јасно лежи врз Министерството за внатрешни работи и другите надлежни институции.

„Молкот на обвинителството претставува форма на политичка амнестија и навреда за жртвите и нивните семејства“, додаваат од ДУИ.

Покрај Кочани, партијата го посочува и случајот со дивата урбанизација во општина Чаир како уште еден пример за правна неказнивост и институционално слепило.

„Во Чаир, во реално време се одвива урбан криминал. Повеќе од 150 бесправни градби без статички и сеизмички проценки, нелегално поврзани на електрична мрежа и без соодветен пристап за итни служби претставуваат директна закана за животот на граѓаните. Луѓето што купиле станови таму живеат во страв за сопствениот и животот на своите деца“, предупредуваат од ДУИ.

Според нив, ова веќе не е само селективна правда, туку целосна укинување на правдата.

„Кога правдата молчи таму каде што треба да говори, таа станува соучесник на криминалот“, стои на крајот од реакцијата на ДУИ.