Шоу на Меси во МЛС: Два гола, две асистенции и тотална доминација против Колумбус

Лионел Меси уште еднаш покажа зошто е мајстор на фудбалската игра – Аргентинецот беше главна ѕвезда во победата на Интер Мајами над Колумбус Кру со убедливи 5:1.

Во меч што брзо прерасна во демонстрација на сила, Интер Мајами веќе по 24 минути имаше водство од 3:0. Меси го отвори својот головен салдо по голема грешка на противничкиот голман Николас Хаген, кој практично му ја подари топката. Аргентинецот веднаш ја искористи шансата и лесно реализираше.

Вториот гол на Меси дојде со стил – повторно прецизно и технички совршено. Но не застана тука – со две маестрални асистенции, најпрво до Тадео Аљенде за отворање на резултатот, а потоа и до Фабрис Пико за финалниот погодок, Меси потврди дека е срцето на тимот.

Голот за Мајами го постигна и неговиот долгогодишен пријател Луис Суарез, кој придонесе за убедливата победа.

Со 10 гола и 6 асистенции на 13 натпревари, Лионел Меси е не само најефикасен туку и највлијателен играч во тимот на Интер Мајами – играч кој буквално си игра на теренот и од меч во меч го диктира темпото на целата лига.