Ужас во Аеродром: Мајка пријавила дека татко, баба и дедо ги истепале децата

Нова пријава за семејно насилство ја потресе јавноста. Во СВР Скопје вчера е регистриран случај во кој 38-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзините малолетни деца биле физички нападнати од нивниот татко, нејзиниот поранешен сопруг Б.К. (38), како и од неговите родители — бабата и дедото на децата.

Инцидентот се случил вчера околу 14 часот, во стан во скопската општина Аеродром. Според мајката, нејзините деца биле жртви на насилство од целото поранешно семејство.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека случајот е пријавен и дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Очекувањата се институциите итно да реагираат и да обезбедат соодветна заштита за децата.