Франсеск Сеск Фабрегас се очекува да биде новиот тренер на милански Интер, откако ги прифатил условите понудени од италијанскиот гигант. Според информациите на угледниот новинар Санти Ауна, договорот меѓу двете страни е постигнат, а останува уште клубовите Интер и Комо да ги усогласат деталите за неговото ослободување.
Фабрегас, кој има 38 години, беше прв избор на управата на Интер за наследник на Симоне Инзаги, кој си замина по разочарувачкиот настап во финалето на Лигата на шампионите.
Актуелниот тренер на Комо, за кого ова е прво искуство на клупата, во својата дебитантска сезона успешно го водеше тимот до десеттото место во Серија А, со јасни амбиции за пласман во европските натпреварувања.
Во изминатиот период, Фабрегас ги одби понудите од Рома и Баер Леверкузен, очигледно фокусиран на предизвикот со Интер.
Фудбалската јавност го памети како еден од најталентираните играчи на својата генерација – најмлад капитен во историјата на Арсенал, а во текот на кариерата настапуваше и за Барселона, Челзи и Монако.