Поздрав од Портпаролот за спречување корупција на Конгресот на Совет на Европа, Данела Арсовска

На денешниот голем празник Курбан Бајрам, упатуваме искрени честитки до сите граѓани од исламска вероисповед со желби за добро здравје, среќа и хармонија во домовите. Нека вредностите на хуманоста, мирот и почитувањето меѓу луѓето бидат водилка во нашето секојдневие.

Истовремено, денес се одбележува и Задушница, ден на сеќавање на покојните, во пресрет на големиот христијански празник Духовден. Во духот на традицијата, граѓаните низ целата земја со молитва, варено жито, вино и леб се сеќаваат на своите блиски.

„Овој ден за мене има и лично значење, бидејќи токму на Духовден пред 21 година се роди мојот син. Во овие моменти на сеќавање и празнична мисла, сакам да упатам порака за мир и спокој за сите – освен за оние кои го злоупотребуваат јавниот интерес“, изјави Данела Арсовска, портпарол за спречување корупција при Конгресот на Советот на Европа.

Таа испрати критика и до, како што вели, „урбаната мафија“ поврзана со градоначалникот Висар Ганиу, со порака дека граѓаните на Македонија заслужуваат безбедно, праведно и хумано секојдневие – секој ден од годината.

Стои во денешното соопштение на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.