Во Скопје официјално се конституираше Градската организација на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, како дел од проширувањето и структурирањето на оваа нова политичка сила на локално ниво. За претседател на организацијата е избран Мирослав Лабудовиќ, магистер по електроника и информатички технологии и актуелен заменик министер во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Во состав на Градскиот одбор се избрани следните членови:
- Горан Ајдински – редовен професор на Филозофскиот факултет
- Силвана Кржовска – дипломиран професор по географија
- Горанчо Котески – генерал во пензија
- Билјана Андреска Богданоска – доктор на економски науки
- Ѓоко Буневски – дипломиран земјоделски инженер по сточарство
- Радмила Чрчева Николова – вонреден професор на Факултет за ветеринарна медицина
- Александра Цветановска – магистер по право од областа на деловно право
- Јорданчо Давитков – поранешен македонски кошаркар, репрезентативец, тренер и селектор
- Мире Јанев – Институт по географија при ПМФ – Скопје
- Љупчо Марковски – поранешен фудбалер, капитен на ФК Вардар и македонската репрезентација
- Крумислав Барзов – магистер по спортски менаџмент
- Ѓорѓи Чековски – поранешен кошаркар и репрезентативец, член на КФМ
- Милан Јакимовски – сообраќаен техничар
- Александар Темелковски – дипломиран економист
- Владимир Гиновски – магистер за квалитет и безбедност на храна
- Луција Кировска Стефановска – дипломиран правник и историчар на уметноста со археологија
- Виктор Величковски – машински техничар за шински возила
- Елена Милановска – правен техничар
- Ивица Арсовски – економски техничар
- Марија Тодороска – дипломиран професор по биологија и хемија
- Мартин Трајчевски – дипломиран правник
- Владимир Стојановски – дипломиран економист
- Марија Кирјас – дипломиран професор по македонски јазик и книжевност
- Виктор Каранфиловски – дипломиран професор по англиски јазик
- Кирил Сливовски – лекар по општа медицина
- Руска Хаџимитрева – дипломиран градежен инженер
- Нико Николовски – факултет за детективи и безбедност при Европски универзитет – Скопје
- Ангела Саздова – Донева – магистер по економски науки
- Тарик Шаботиќ – студент на Балкански Универзитет
- Мирсат Бахтијар – стручно образование
За членови на Градскиот надзорен одбор избрани се:
- Катерина Марковиќ Јанковска – дипломиран правник
- Катица Блажеска – дипломиран правник
- Никола Белимов – дипломиран правник
- Ивана Илиев – магистер по правни науки
- Ивана Кузманоска – дипломиран правник
Со ова, Градската организација на Движењето ЗНАМ – Скопје започнува со активно делување, најавувајќи засилени активности, програми и проекти насочени кон граѓаните на главниот град. Составот, кој опфаќа експерти од разни области, говори за стремежот на движењето кон квалитетна и компетентна локална политика.