Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го најави почетокот на иницијативата „Се гледаме во маало со Горан Герасимовски“, караван што ќе го одведе низ сите населби на општината со цел директна комуникација со граѓаните.
Со старт на 10 јуни, Герасимовски ќе ги посети сите маала во Центар, каде што ќе разговара лице в лице со жителите, ќе ги слуша нивните проблеми, идеи и предлози, и заеднички со нив ќе работи на создавање на новата програма на Општината. Како што нагласува, „вистинското служење на граѓаните почнува со слушање“.
„Имаш идеја, забелешка, предлог, визија? Дојди, те чекаме во маало!“, повикува Герасимовски, ставајќи акцент на отвореноста, достапноста и партнерскиот однос меѓу општината и граѓаните.
Караванот ќе се одвива во текот на јуни и почетокот на јули, на различни локации низ Центар, според следната агенда:
- 10.06 (вторник) – Капиштец, Зебра паркот (18:30–20:00)
11.06 (среда) – Дебар Маало, клупата „Горан Стефановски“ (18:30–20:00)
12.06 (четврток) – Пролет, игралиште (18:30–20:00)
13.06 (петок) – Индијанско маало, кај Мистер Џек (18:30–20:00)
14.06 (сабота) – Зелено пазарче, плочникот (10:30–12:00)
15.06 (недела) – Средно Водно, паркинг (10:00–11:30)
23.06 (понеделник) – Парк Капиштец, спортско игралиште (18:00–20:00)
24.06 (вторник) – Песталоци, во дворот (18:30–20:00)
25.06 (среда) – Ул. 50. дивизија, игралиштето (18:30–20:00)
26.06 (четврток) – Градски ѕид, ескимскиот пролаз (18:30–20:00)
27.06 (петок) – Маџир маало, плочникот кај НБРМ (18:30–20:00)
28.06 (сабота) – Пазарче Буњаковец (10:00–11:30)
29.06 (недела) – Градски парк (10:00–12:00)
30.06 (понеделник) – Водно, кошот кај Тинекс (18:30–20:00)
01.07 (вторник) – Пајко маало, кај Филхармонија (18:30–20:00)
02.07 (среда) – Кеј 13 Ноември, кај кафичите (18:30–20:00)
04.07 (петок) – Крњево (13:45–15:00)
Со оваа теренска иницијатива, Општина Центар испраќа силна порака дека граѓаните се во срцето на секоја одлука. „Се гледаме во маало!“ – порачува Герасимовски.