Македонија меѓу првите во Европа што евакуираше свои државјани од Израел

Првата група македонски државјани кои побараа евакуација од Израел, безбедно пристигнаа во Скопје. Информацијата ја потврди министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој синоќа преку социјалните мрежи објави дека операцијата е успешно завршена.

„Со ова, станавме една од првите земји во Европа што успешно организираше и реализираше повраток на своите граѓани од зоната на конфликт“, истакна Муцунски.

Според податоците од МНР, до понеделникот вкупно 28 македонски државјани побарале помош за евакуација, поради ескалацијата на безбедносната состојба на Блискиот Исток.

Македонските институции, во соработка со меѓународни партнери, продолжуваат со следење на ситуацијата и најавуваат дополнителна поддршка за останатите граѓани кои се уште се на територијата на Израел и сакаат да се вратат во земјава.