На одбележувањето на 35-годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот и партиски лидер Христијан Мицкоски испрати недвосмислена порака до сите функционери на партијата: да не ја заборават својата мисија и кому служат.
„Не сме исти како оние пред нас, и мораме тоа да го докажеме. Нашата цел не се фотелјите, туку службата – кон народот и кон Македонија“, истакна Мицкоски во своето обраќање од Хераклеа.
Тој апелираше на совест и самокритика кај сите членови и функционери, потсетувајќи дека функциите не се трајни, туку зависат од одговорноста и посветеноста во работата.
„Никој не е незаменлив. Близината со мене не значи и сигурна позиција. Функцијата ќе ви трае онолку долго колку што служите чесно и работите за интересите на народот,“ додаде Мицкоски, најавувајќи нула толеранција за отстапување од партиските вредности.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека партијата ќе биде чувар на промените и дека отчетноста ќе биде клучен принцип на новата гарнитура.