Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро ја нападна израелската влада, нарекувајќи ја најголема пречка за воспоставување траен мир во регионот.
„Владата на Израел предводена од Бенјамин Нетанјаху е главната пречка за мирот на Блискиот Исток,“ изјави Ердоган, нагласувајќи дека агресивната политика на Тел Авив ја саботира секоја можност за дипломатија.
Тој посочи дека Израел намерно ги нарушува обидите за обновување на нуклеарните преговори меѓу САД и Иран и ги повика меѓународните актери да не подлегнуваат на, како што ја нарече, „отровната реторика“ на израелските власти.
„Наместо да се следи израелската провокативна агенда, светот треба да се обедини во потрага по дипломатско решение,“ изјави Ердоган.
Додека голем број земји инсистираат Иран да се врати на преговарачката маса, иранските власти тврдат дека тоа е невозможно додека траат постојаните израелски напади.