Утринава во 5:04 часот, силен земјотрес со магнитуда од 4.5 степени според Рихтер е регистриран во Република Албанија, со епицентар на околу 158 километри југозападно од Скопје.
Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот е почувствуван и во југозападните делови на Македонија, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (EMS).
Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.