Манчестер Јунајтед со 70 милиони евра во трка за Мбуемо – Тотенхем демне од сенка

Манчестер Јунајтед не застанува со засилувањата – „црвените ѓаволи“ поднесоа втора, значително зголемена понуда од 70 милиони евра за камерунскиот напаѓач Брајан Мбуемо, откако Брентфорд ја одби првата понуда од 53 милиони плус бонуси.

Напаѓачот кој блескаше во дресот на Брентфорд минатата сезона стана следната голема мета на новиот проект на Јунајтед, по веќе потрошените над 78 милиони евра за Матеус Куња и Диего Леон.

Рубен Аморим е решен да го донесе Мбуемо како клучна алка во офанзивната линија, но патот до потписот не е лесен – во игра влезе и Тотенхем. Главен адут на „спарси“ е новиот тренер Томас Франк, кој имаше одлична соработка со Мбуемо токму во Брентфорд.

Битката за камерунскиот голгетер допрва се вжештува.