Општина Центар активно го искористи летниот период за уредување на јавниот простор, посветувајќи особено внимание на најмладите граѓани.
Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во училишниот двор на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ се поставени нови детски реквизити, кошаркарски табли, клупи и канти, со што е создадено безбедно и пријатно катче за игра и спорт, како за учениците, така и за децата од околината.
– Ново реновирање доби и игралиштето во Мало Курило,
– Нови табли за баскет се поставени во населбата Пролет,
– А целосно е обновена опремата и на спортското игралиште кај Зеленото пазарче, како и на детското игралиште кај поранешен Јукан.
„Чувајте ги овие катчиња. Тие се наменети за игра, дружење и здрав развој на нашите деца“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.