Иван Николоски нов голман на Шкупи

Македонскиот прволигаш Шкупи продолжува да ги засилува редовите и во вратарската позиција, со доаѓањето на Иван Николоски.

22-годишниот голман потпиша за клубот од Чаир, носејќи со себе и меѓународно искуство од младинската репрезентација на Македонија под 21 година.

Иван е син на легендарниот македонски репрезентативен голман Јане Николоски, според клубот, е сигурен избор меѓу стативите и додава квалитет во одбраната.

Во досегашната кариера, Николоски настапувал за албанскиот Поградец, како и за македонските клубови Победа,*Саса, Беласица, Воска Спорт, Силекс, Брегалница, Работнички и Дрита.

 

Со ова засилување, Шкупи ја покажува својата намера да биде конкурентен во натпреварувачката сезона.