Вечерва гласаме за Никола Станишиќ: Единствениот Македонец во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ – да ѝ подариме победа на Македонија!

Македонија вечерва има причина за гордост и заедништво! Нашиот Никола Станишиќ се пласира во големото финале на најгледаното музичко шоу во регионот – „Ѕвездите на Гранд“, и што е најважно – тој е единствениот Македонец кој се натпреварува вечерва!

Со својата искрена љубов кон музиката и кон татковината, Никола не се откажува од борбата за победа, а ние сме тие што можеме да направиме разлика. Финалето започнува вечерва во 21:00 часот, а секој од нас има можност да испрати вкупно 80 гласови од еден телефонски број.

Гласаме така што праќаме број 14 на 145333.

Ќе има четири гласачки пресека, во секој од нив може да гласате по 20 пати, односно вкупно 80 пати од еден број.

Ова не е само натпревар – ова е можност за Македонија да покаже колку умее да стои зад своите таленти. Никола вечерва пее за сите нас, а ние сме тука да му дадеме сила и поддршка.

Да ја испратиме пораката дека Македонија знае да поддржи, да мотивира и да победи!