Зеленски: Украина се потпира на САД – преговорите за воена помош продолжуваат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека преговорите меѓу Киев и Вашингтон за обезбедување нова воена помош од САД продолжуваат. Во неговото редовно вечерно обраќање, тој нагласи дека Украина мора да најде начин да ги заштити своите граѓани.

„На еден или друг начин, мора да обезбедиме заштита на нашите граѓани“, истакна Зеленски.

Паралелно, тој информираше дека се подготвуваат нацрт-договори за финансирање на производство на оружје со Данска и други меѓународни партнери.

Причина за застојот во испораката на американската воена помош, според информациите на агенцијата ДПА, е загриженоста на Вашингтон околу намалувањето на сопствените залихи на оружје.

Во тој контекст, украинското Министерство за надворешни работи го повикало заменик-шефот на американската дипломатска мисија во Киев, Џон Гинкл, за да разговараат за делумното замрзнување на испораките – одлука која беше донесена уште за време на претходниот американски претседател Џо Бајден.

Зеленски, преку објава на социјалната мрежа Икс, нагласи дека на средбата со претставници на американски компании – членки на Американската стопанска комора – јасно ја истакнал важноста на нивната поддршка.

„Американското оружје го штити не само украинскиот народ, туку и странските бизниси што оперираат во Украина“, потенцираше тој.