Осомничен за убиство скокна од четврти кат во Приштина додека бегал од полицијата

Во Приштина синоќа околу 20 часот се одвивала драматична полициска акција, кога маж осомничен за тешко убиство се обидел да избегне апсење, скокајќи од четврти кат од зграда во центарот на градот.

Станува збор за лицето Б.К., по кое, според неофицијални информации, била распишана потерница поради тешко кривично дело – убиство извршено во блиско село пред неколку месеци. Во моментот кога ја забележал полицијата, осомничениот почнал да бега низ зградата, но, без излез, се фрлил од висина од четврти кат.

Б.К. бил префрлен во болница во тешка состојба и без свест, а неговата болничка соба е под постојан полициски надзор. Надлежните потврдија дека се работи за лице поврзано со тежок кривичен настан и дека истрагата продолжува.

Полицијата ја потврди информацијата, но повеќе детали за случајот засега не се соопштуваат.