Собранието усвои измени со кои семејствата добиваат право на шест обиди за биомедицински потпомогната оплодување (БПО) на товар на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), наместо досегашните три.
Како што информираа директорите на ФЗО, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, измените се дел од нов законски пакет што стапи во сила на 10 јули, а со кој БПО се вклучува во основниот пакет на здравствени услуги.
— Зголемени се обидите од три на шест, се скратува времето на одлучување од три месеци на две недели, а дигитализирањето на процесот овозможува поедноставна процедура за пациентите, изјави Клековски.
Дел од новитетите се:
- Дигитален ваучер за БПО
- Скратени рокови за одлучување
- Олеснето лекување во странство, без задолжителни договори со странски клиники
- Второстепената комисија ќе одлучува само по жалби, со рок од 30 дена
Според податоците на Фондот, расте бројот на брачни парови и поединци со проблеми во зачнувањето, а успешноста на третманот директно се поврзува со бројот на дозволени обиди.