Акциска контрола во угостителски објекти во Тетово – приведени двајца, пронајдена марихуана

Вчеравечер (18/19.07.) од 22:30 до 00:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, заедно со инспектори од Државна пазарна инспекција, Управата за јавни приходи и Трудова инспекција, спроведоа акциска контрола во повеќе угостителски објекти на подрачјето на Полициската станица Тетово.

При контролата во еден од објектите на улица „Димо Гавровски Кара“ во Тетово, од слобода беше лишен 28-годишниот А.О. од Тетово, кај кого при преглед беше пронајдена и одземена марихуана.

Дополнително, поради непријавен престој во Република Северна Македонија, приведен е и 30-годишен државјанин на Република Албанија, Г.И.

Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.