Франческо Бањаја, возачот на Дукати, ја освои првата пол-позиција оваа сезона на патеката во Брно, пред Големата награда на Чешка во Мото ГП шампионатот. Тој постави најдобро време од 1:52.303 минути и така си обезбеди прва стартна позиција за денешната спринт трка, како и за утрешната главна трка.
Главен ривал му беше Марк Маркез, исто така од тимот на Дукати, кој во последниот круг имаше шанса за подобро време, но падна од моторот и квалификациите ги заврши на втората позиција, со заостанување од 0.219 секунди зад Бањаја.
Третото место му припадна на Фабио Куартараро од Јамаха, кој заостана 0.305 секунди зад победникот во квалификациите.
Спринт трката ќе започне денес од 15:00 часот, додека главната трка е закажана за утре во 14:00 часот.
Во генералниот пласман води Марк Маркез со 344 поени, пред Алекс Маркез со 261 и Франческо Бањаја со 197 поени.