Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, при посетата на општина Могила изјави дека програмата на кандидатот за градоначалник Драганчо Саботковски е целосно реализирана и дека граѓаните тоа го потврдуваат со поддршка и задоволство
„Кај нас зборот е збор – ветеното е исполнето. Во изминатите четири години, градоначалникот Саботковски во целост ја реализираше програмата што ја вети на граѓаните“, истакна Ристески при посетата на населените места Вешерејца и Могила.
Тој најави дека во претстојниот мандат општината ќе има уште поголема поддршка од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, со значајни средства за капитални инфраструктурни проекти и подобрување на условите за живот.
Ристески нагласи дека граѓаните се задоволни од актуелните политики, споменувајќи зголемени плати во јавниот сектор, пензии, како и образовни реформи со навремени учебници за учениците. Посебно внимание посвети на поддршката за земјоделството.
„Могила е земјоделски крај и граѓаните се задоволни од аграрните мерки, откупната цена на тутунот и пченицата, како и од политиките што ги спроведува министерот Цветан Трипуновски. Македонија повторно станува горда“, рече Ристески.
Тој заврши со уверување дека на претстојните локални избори ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари голема победа, а Саботковски ќе добие нов мандат за да ги продолжи започнатите проекти.