Антонио истрча 600 км од Скопје до Острог за болните деца: „Успеав, мамо. Ова беше за тебе“

По 18 дена и 600 километри пеш од Скопје до манастирот Острог, херојот Антонио Пандовски пристигна на својата света цел – трчање во чест на својата покојна мајка и во поддршка на болните деца.

„Таа веќе не е со нас, ама беше со мене во секој чекор… Кога ја прегрнав сестра ми, ја почувствував и неа. Со срце полно, само едно ми одекнуваше во глава: Успеав, мамо. Ова беше за тебе“, напиша Антонио со силна емоција на Фејсбук.

Зад овој хуман подвиг застана и Фондацијата „Ице Бегов“ од Гевгелија, со пораката:
„600 километри. 18 дена. Еден човек. Илјадници срца.“

Средствата за помош на болните деца и натаму се собираат.

Поддржете го херојот Антонио и придружете се на мисијата на човечност и љубов.