Фудбалскиот клуб Вардар го дозна можниот противник во третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Доколку го елиминира швајцарскиот тим Лозана во второто коло, црвено-црните ќе се соочат со подобриот од двомечот меѓу Зимбру (Молдавија) и Астана (Казахстан).
Првиот натпревар против Лозана, Вардар ќе го одигра на домашен терен, овој четврток во Скопје. Реваншот е закажан за 31 јули во Швајцарија.
Во случај да избори пласман понатаму, Вардар и во третото коло би бил домаќин на првиот натпревар, кој ќе се одигра на 7 август.