Брајан Ембеумо и официјално е нов играч на Манчестер јунајтед, откако ги заврши сите формалности со клубот и потпиша петгодишен договор, со можност за продолжување на уште една сезона.
Англискиот гигант плати 65 милиони фунти на Брентфорд за услугите на 25-годишниот камерунски репрезентативец, кој игра на позицијата крилo. Ова е трет обид на „црвените ѓаволи“ да го донесат Ембеумо, но овојпат понудата беше доволно убедлива.
„Кога слушнав дека Манчестер јунајтед ме сака, веднаш реков ‘да’. Овој дрес го носев како дете и секогаш сонував да играм за овој клуб“, изјави Ембеумо со очигледна емоција.
Со неговото доаѓање, Манчестер јунајтед го заокружи своето трето засилување ова лето, по трансферите на Матеуш Куња и Диего Леон. Клубот од „Олд Трафорд“ со оваа тројка јасно ја демонстрира амбицијата за враќање на врвот во Премиер-лигата и Европа.