АПЕЛ: Исчезна Биљана Јандреска – семејството моли за помош

Веќе повеќе од 24 часа трае неизвесноста за судбината на 38-годишната Биљана Јандреска, која последен пат била видена во селото Крушеани, од каде заминала со својот автомобил марка „Ауди А4“ со регистарски ознаки PP 7822 AG, во темно мастилна боја. Оттогаш нејзината трага е изгубена, а нејзиниот мобилен телефон е недостапен.

Нејзината сестра, Соња Јандреска, упати емотивен апел преку социјалните мрежи, молејќи за каква било информација што може да помогне во нејзиното пронаоѓање.

„Ве премолувам, помагајте. Мојата сестра, мајка на две мали девојчиња – Дори и Таиса – е исчезната. Доколку некој ја има забележано, нека нè контактира веднаш“, напиша таа.

Семејството и пријателите апелираат до јавноста и надлежните институции да помогнат во потрагата, а секоја информација е добредојдена.

Линк до објавата