Сиљановска-Давкова: Наместо за фемицид, судиите често избираат полесни квалификации

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од Тетово, реагираше на случајот со спреченото самоубиство на жена принудувана на проституција, укажувајќи на сѐ поизразената ранливост на жените и алармантниот тренд на фемицид во земјата.

„За жал, иако постои правна можност за квалификација како фемицид, судиите најчесто избираат полесни обвиненија. Како жена, остро се спротивставувам на тоа“, изјави таа.

Сиљановска-Давкова нагласи дека Македонија, за жал, спаѓа меѓу петте држави во светот каде има висока појава на модерно ропство – особено на жени измамени и присилени да се занимаваат со проституција.

Таа повика на заедничка регионална акција и интервенции преку Интерпол:
„Не е пристојно да бидеме дел од светска карта на земји кои толерираат модерно ропство. Министерот за внатрешни работи мора веднаш да реагира“, порача претседателката.

Во однос на актуелната дебата околу собирањето потписи за независни листи, таа објасни дека дури и во случај на правен вакуум, независните кандидати ќе можат да се формираат, бидејќи членот 60 од Изборниот законик сè уште важи.

Сиљановска-Давкова во Тетово се сретна со градоначалникот Биљал Касами и присуствуваше на манифестацијата „Тетовско културно лето“, на која вечерва беше најавена македонска музичка вечер.