Основното јавно обвинителство Гостивар поведе истражна постапка против 30-годишна жена од гостиварско под сомнение за тешки кривични дела против нејзините две малолетни деца – девојче родено во 2015 година и момче родено во 2022 година.
Според Обвинителството, постои основано сомнение дека мајката сторила кривично дело Запуштање и малтретирање дете, согласно член 201 од Кривичниот законик, како и Производство и дистрибуција на детска порнографија (член 193-а став 1). Дополнително, две 22-годишни жени се осомничени за сторување на кривично дело Силување на дете под 15 години, по член 188 став 1 од Кривичниот законик.
Како што се наведува во соопштението, мајката свесно ја запоставила грижата за своите деца и дозволила двете осомничени жени да извршат полови дејствија со нив. Уште пошокантно е што самата мајка го снимала чинот со мобилен телефон, а видеоснимката ја испратила на својот сопруг кој престојувал во Италија.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за сите три осомничени лица.