Шкендија Арачиново и тренерот Шабан Сулејман ставија крај на заедничката соработка. Одлуката, како што стои во соопштението на клубот, е донесена по взаемен договор.
Сулејман беше човекот кој ја врати Шкендија во второлигашката конкуренција по долги години, постигнувајќи историски успех за тимот од Арачиново. Неговиот ангажман и посветеност оставија значаен белег во историјата на клубот.
„Со меѓусебен договор, денес одлучивме да се разделиме со нашиот тренер, Шабан Сулејман. ФК Шкендија 77 од срце му се заблагодарува на тренерот Сулејман за неговиот придонес, посветеност и професионална работа. Тој секогаш ќе остане дел од нашата историја и ќе ја негува почитта и благодарноста на нашиот клуб и навивачите,“ стои во официјалното соопштение.
Во следните денови, се очекува клубот да соопшти кој ќе биде наследник на Сулејман на тренерската клупа.