Кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода од редовите на СДСМ, Горан Трајковски-Штраус, оствари средба со жителите на Драчево, каде што во отворен разговор се дискутираа горливите проблеми на урбаната заедница.
„Разговорите со граѓаните се клучни за градење на иднината. Само со визија и интегритет можеме да изградиме чиста, уредна и хумана Кисела Вода. Урбаниот хаос мора да престане – време е за ред, светлина и зелени површини“, порача Трајковски.
Тој најави конкретен план и посветена работа со цел обезбедување рамноправна грижа за секој жител на општината:
„Со план. Со работа. Со Трајковски. За секојдневна грижа, за секој граѓанин подеднакво.“