Форумот на жени на СДСМ ја започнува кампањата „ИЗБЕРИ ПОДДРШКА, СОПРИ ЈА ОМРАЗАТА“, насочена кон борба против говорот на омраза врз жените активни во политичкиот живот.
Оваа иницијатива претставува решителен чекор во заштитата на достоинството, интегритетот и гласот на жените кои се дел од јавната и политичката сцена. Преку активности на општинските форуми, ќе се испрати силна порака: омразата нема место во демократијата, а жените имаат право на рамноправно, безбедно и достоинствено учество во политичкиот процес.
Кампањата ќе послужи како платформа за солидарност, охрабрување и поддршка на жените кои секојдневно се борат за поправедно, еднакво и инклузивно општество. Истовремено, ќе се работи на подигање на јавната свест, едукација и поттикнување на институциите да преземат конкретни чекори за превенција и санкционирање на секој облик на родово базиран говор на омраза.
Нашата борба е за еднаквост, правда и политички простор во кој секоја жена ќе може слободно да говори, делува и влијае – без страв, без навреди и без омраза.
Време е омразата да престане!
Време е гласот на жените да се слуша, почитува и вреднува!