Христоски: Жените се двигатели на промените, со Форумот на жени на СДСМ за родова еднаквост и локален развој

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, денеска оствари искрена и инспиративна средба со членовите на Форумот на жени на ОО СДСМ Крушево. На средбата се разговараше за клучни теми поврзани со локалниот развој, родовата еднаквост, поддршката на женското претприемништво и активното учество на жените во креирањето на општинските политики.

– Жените се вистинските двигатели на промените во секое општество. Нивниот глас, визија и ангажман се темел на одржливиот развој на Крушево, истакна Христоски

Тој изрази гордост што Крушево располага со силна и прогресивна структура на жени кои се подготвени активно да придонесат кон подобра и понапредна иднина за сите граѓани.

– Заедно продолжуваме напред, со уште посилна енергија! – порача градоначалникот Христоски.