Регионалниот пат Струмица – Берово утрово беше целосно блокиран поради сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 22:10 часот, на локацијата позната како „Сарајска раскрсница“.
Како што информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот веќе е нормализиран, но коловозите на некои делници се влажни, па се апелира до возачите на претпазливост.
На граничните премини нема подолги задржувања, но поради зголемената фрекфенција на возила како резултат на летниот период и одморите, се препорачува трпение и планирање на патувањата.
Следете ги препораките на АМСМ и возете внимателно!