Србинка со нож нападнала охриѓанец во кафе-бар во центарот на Охрид

Физичка пресметка со употреба на нож се случила вчера вечерта во угостителски објект на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во строгиот центар на Охрид, потврдија од Секторот за внатрешни работи Охрид.

Според официјалните информации, инцидентот се случил на 30 јули 2025 година, кога дошло до конфликт помеѓу 25-годишната Т.С. од Србија и 49-годишниот Г.М. од Охрид. Во текот на физичката пресметка, Србинката со нож го нападнала охриѓанецот.

Двајцата инволвирани се приведени од страна на полицијата. Од СВР Охрид информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.