Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавни честитки до ФК Шкендија за синоќешната победа и пласманот во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.
„Браво момци! Чекор по чекор, заеднички докажуваме дека во Македонија се игра квалитетен фудбал,“ порача Омерагиќ, потенцирајќи ја важноста на успехот за македонскиот спорт.
Тој им се заблагодари на фудбалерите, стручниот штаб, управата и навивачите за досегашниот труд и ги охрабри да продолжат со исто темпо:
„Се надеваме на нови победи во европските натпревари! Продолжете да нѐ радувате.“
ФК Шкендија сè повеќе се етаблира како сериозен европски играч, а поддршката од врвот на македонскиот фудбал доаѓа како дополнителен мотив во битката за место меѓу најдобрите.